Во американските домови честопати има посебно место што се нарекува „катче за читање”.
Не е потребен голем простор, само тросед, или душек и евентуално прозорец за светлина.
Катчето за читање може да биде најпријатно место во домот, особено во студените декемвриски денови кога убавата книга, топлата чаша чај и меката перница се најпосакуваните придружници.
Неговото создавање воопшто не е тешко, а за сметка на тоа, ние сме убедени дека брзо ќе ви стане омилено место за одмор: