Нов Зеланд не е само земја која е позната по големиот број на природни богатства и место на кое се снимаше триологијата „Lord Of The Rings“. Таа поседува уште една навистина интересна занимливост, а тоа е најстрмната улица во светот.
Лоцирана во градот Данедин, на јужниот крај на државата, улицата Болдвин која е резултат на човечкиот труд е денес дел од Гинисовата книга на рекорди.
Куќите кои се изградени на оваа улица мораат да имаат несекојдневен облик, а за да успеете да паркирате автомобил, потребна е мајсторска вештина.
Болдвин е резултат на погрешното планирање на просторот на градот. Имено, кога се создавал Данедин, архитектите од Лондон направиле едноставен систем на мапа која немала никаква врска со топографијата од регионот. Интересно е тоа што никогаш не постоел обид за да се поправи оваа грешка.
Искачувањето на локалните жители низ улицата пак е посебна приказна.
А оние похрабрите и поспремните, изгледаат вака: