Колач со вишни готов за 3 минути

Доколку копнеете за вкусен домашен колач, но не сте расположени за долго готвење, тогаш, овој брз десерт со сигурност ќе ве воодушеви. Вкусен, мек, сочен, и најдобро од се, готов за три минути. Единствениот клучен фактор е да имате микробранова печка во вашата кујна, па доколку ова не ви претставува проблем, задолжително пробајте го.

Потребни состојки:

– 1/4 шолја брашно
– 2 лажици шеќер
– 1/4 прашок за пециво
– 1/8 лажичка сол
– прстофат цимет
– 1/2 лажица путер
– 2 лажици млеко
– 1-2 лажици свежи и замрзнати вишни

Подготовка:

1. Измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта и циметот во чаша или керамички сад кој може да се стави во микробранова печка.

2. Во шолјата додадете го и омекнатиот путер, па со прсти промешајте се, така што ќе се добие грутчеста смеса. Мешавината треба да изгледа како влажен песок.

3. Додадете го и млекото, па добро измешајте, така што ќе исчезнат сите грутчиња. Тестото би требало да изгледа како стандардна смеса за мафини, па доколку е премногу густа ставете повеќе млеко.

4. На крајот, посипете вишни по површината, и со прстите гурнете ги малку надолу.

5. Ставете ги шолјите во микробранова печка 90 секунди на силна температура.

Совет:

Колачот можете да го збогатите со стопено чоколадо, мед, путер од кикирики или слатка павлака.

- Реклама -