Злобна слаткарница: Одмаздата никогаш не била приредена послатко

Дали понекогаш сте почувствувале потреба да исфрлите некоја личност од вашиот живот на начин кој никогаш нема да биде заборавен? Американската слаткарка Сара Брокет, има смислено совршен рецепт кој ќе ги исполни ваквите очекувања.

Имено, нејзин специјалитет се вкусните десерти, чии слатки состојки ги „згорчува“ со навредливи пораки.

„Отровните“ содржини Сара најпрвин започнала да ги испишува како идеја за оние кои сакаат да им се одмаздат на нивните неверни партнери, нелојални пријатели или непослушни деца, но таа вели дека најголемиот дел од нејзините клиенти ги порачуваат само за да се пошегуваат со нивните најблиски.

„Моите најчести потрошувачи се всушност лица кои имаат влезено во „слатка-војна“, односно се натпреваруваат кој последен ќе му испрати злобна порака на другиот преку торта, мафини или колачиња“, објаснува Брокет.

bold-bakery-art-sarah-brockett-1 bold-bakery-art-sarah-brockett-2 bold-bakery-art-sarah-brockett-3 bold-bakery-art-sarah-brockett-4 bold-bakery-art-sarah-brockett-5 bold-bakery-art-sarah-brockett-6 bold-bakery-art-sarah-brockett-7 bold-bakery-art-sarah-brockett-8

- Реклама -