10 безвременски цитати на Фреди Меркјури

„Поради огромниот притисок на медиумите во изминатите две недели сакам да потврдам дека сум болен од СИДА. Сметав за коректно да ги чувам во тајност информациите досега поради блиските. Но дојде време моите пријатели и фановите да ја дознаат вистината. Се надевам сите ќе се придружите во борбата против оваа ужасна болест. Мојот личен живот секогаш бил многу важен за мене. ”

24 часа подоцна, откако изгубил сили од ова признание, пејачот починал. Фреди Меркјури ќе остане во сеќавањата на милионите обожаватели со прекрасната музика, со вештината да се насладува на животот докрај и со духовитата реторика.

Еве дел од нив.

„Јас нема да бидам Рок ѕвезда. Јас ќе бидам легенда“.

„Парите не можат да купат среќа, но, по ѓаволите, можат да ти ја донесат!“

„Секогаш сум знаел дека сум ѕвезда. А сега веќе и остатокот од светот се согласи со мене.“

„Јас сум само една музичка проститутка, душичке.“

„О, јас не сум создаден за рајот. Не, не сакам да одам во рајот. Пеколот е многу подобра опција. Размислете колку интересни луѓе ќе сретнете таму долу!“

„Колку поголемо, толку подобро! За сè!“

„Кога имам врска, секогаш учествувам во неа со целото свое срце. Не сум приврзаник на половични мерки и на компромиси. Едноставно не можам да поднесам никакви компромиси. Се обидувам да се воздржам кога некој ме привлекува, но едноставно не можам да ја контролирам љубовта и таа е ослободена. Премногу брзо се вклучам и конечно секогаш се наоѓам повреден. Можеби само привлекувам погрешни луѓе? Целиот сум во лузни. Но не можам поинаку, бидејќи сум мек по душа.“

„Претерувањето е дел од мојата природа.Чувствувам силна потреба за опасност и возбуда. Никогаш не се плашам да ризикувам.“

„Не сакам да го менувам светот со својата музика. Во песните нема скриени пораки. Сакам да пишувам песни за современата потрошувачка.“

„Успехот ми го донесе тоа што целиот свет ме идеализира и освоив милиони. Тој, сепак, ме спречи да го најдам единственото нешто што ни е потребно на сите- љубовна, трајна врска. За мене љубовта е како руски рулет. ”

- Реклама -