Направете сами домашна карамела

Израдувајте ги домашните и воодушевете ги гостите со домашни бомбони, со неодолив вкус на карамела.

Состојки:

1 и 1/4 шолја кафеав шеќер

1 и 2/3 шолји бел шеќер

1 шолја путер

1 шолја шеќерен сируп од вода, во соодност вода:шеќер 1:2, или мед како замена.

1 и 1/4 шолји слатка павлака

3/4 шолји полномасно млеко

2 лажички екстракт од ванила.

Подготовка:

1. Кафениот и белиот шеќер ставете ги во сад и во тоа додадете путер, сируп, слатка павлака, млеко и ванила.

2. Гответе на рингла, повремено мешајќи. Дали е доволно сварено испробајте така што ќе ставите мала количина сируп во студена вода. Ако се формира крута топка, значи дека е готово.

3. Разлејте ја масата во тепсија, оставете сосема да се олади и со остар нож исчете ја одговарачката големина.

- Реклама -