Предлог филм / Calvary (2014)

Филмот започнува тивко, но доста интересно. Отец Џејмс Лавел е свештеник во неопределено ирско крајбрежно гратче.

Тој самиот е масивен, крупен, со прошарана и мека патријаршиски брада, долга коса, жив и пргав ум и завидна елоквентност, благ и смирен, нематеријален, вистински духовен водач  кој простува, помирува и бара помош за секој без да осудува. За време на една исповед свештеникот Лавел е загрозен од едно признание. Неговите мотиви се содржани во самиот наслов на филмот.

На отецот му е подарена една недела живот, со занака дека потоа ќе биде убиен, а на нас – час и половина време, за да ги истражиме збунувачките мисли и вредности на жителите на гратчето и нивниот судир со добрите намери на Отец Џејмс.

Местото е полно со маргиналци и потенцијални злосторници – цинични, агресивни, распуштени, кариеристи, прељубници, кукавици…

Има и уште епски ликови кои исто така спаѓаат под заедничкиот именител на луѓе кои што ја загубиле верата во Бог и доброто …. Кој ли меѓу сите нив е идниот убиец?

Извонреден филм кој вреди да биде гледан повеќе од еднаш.

За да биде сликата комплетна, на гости на Отец Џејмс му доаѓа единствената ќерка – ранливата, кревка Фиона (Кели Рајли), со розово-бела кожа, црвена коса и совршени образи, направила веќе неколку обиди за самоубиство, се чувствувала занемарена и напуштена поради повик на својот татко.

Сценариото е слоевито, изобилува со тешки теми како самоубиство и губење на вербата во Бога. Претежно недостатокот ги одредува судбините на ликовите . Гледаме како богат финансиер, ја изгубил смислата на животот; збунета младина, мажи лишени од женски милувања; поткупплив полицаец без скрупули; вдовица што ја задржала својата вера по трагедија; маж со грубо одземено  детство на пат да изврши сериозен криминал …

Во очекување на последната недела, добродушниот и често саркастичен свештеник ќе се обиде да им помогне на овие и други збунети луѓе, а во исто време ќе води битка и со личните демони.

Циничен, шокантен и на моменти повремено сентиментален. Ова е извонреден филм што вреди да биде гледан повеќе од еднаш.

Светот е полн со толку зла и нивните казни, а никој не зборува за другата страна на проблемот – милосрдноста и милоста, без кои нема како да се преживее!

- Реклама -