Згодниот затвореник доби конкуренција: Ова е Шон, насилникот уапсен пред неколку дена

Се чини како во Америка да се одржува натпревар меѓу згодни криминалци и нивните затворенички фотографии.

Отакако сега веќе осудениот Џереми Мекс со неверојатна брзина ги освои срцата на припадничките на понежниот пол, со еднаков интензитет се прошири и фотографијата на Шон Кори, 29-годишниот насилник кој за Ноќта на вештерките бил уапсен во Калифорнија.

Имено, тој со помош на палка претепал едно момче кое било маскирано во новинар на телевизиската станица „Fox News“, притоа викајќи на цел глас „мразам вести на Фокс“.

Ова не е прв пат тој да заврши во притвор. Пред само неколку години бил уапсен поради поседување на марихуана.

Многумина сметаат дека Шон со своите светли очи и темен тен потсетува на Џереми Макс, криминалецот кој изминатиот јуни дури и доби понуда од една модна агенција, и покрај фактот што се уште се наоѓа во затвор.

kory-meeks

 

- Реклама -