Tие победија на лотарија повеќе од еднаш

Шансата да победиш на лотарија е прилично мала. Кај помалите лотарии е 1 на 2,1 милиони, а за големи лотарии, како американскиот Powerball, се пресметува на 1 на 175 милиони.

Како тогаш некои луѓе заработуваат не еднаш, туку два пати?

Погледнете неколку големи среќници:

 Џоан Гинтар

 

Во 2010 година Џоан  го изгребала скриениот дел на игра на среќа и видела дека заработува 10 млн. долари. Некои луѓе го чекаат тоа цел живот. За Џоан ова е четврта добивка. Пред тоа таа освоила 5.3 милиони долари во 1993 година од Texas Lotto, потоа 2 милиони долари во 2006 година, а потоа 3 милиони долари во 2008 година. Некои коментираат дека таа купила околу 100 000 скапи билети, за да стигне до овие добивки.

 Ричард Ластиг

 

Ричард освоил 7 пати. Иако ниту еден профит да не бил голем, вкупно 7-те билети му донесоа 1 милион долари. Тој вели дека задолжително инвестира еден дел од своите заработени пари во наградни игри. Ричард ги  чува недобитните ливчиња, зашто потоа си ги отпишува од даноците. Тој дури напишал книга за методот со кој  купува ливчиња.

Калвин и Затера Спенсер

 

Оваа година тие освоија 1 милион долари од Power Ball. Ова е само првата од три добивки во период од три недели! Втората добивка била за 50 000 долари, а третата повторно 1 милион долари!

Роберт Хамилтон

 

Хамилтон е од Индијана. Неговата прва добивка е во април оваа година – 1 милион долари. Тој ги користи парите за да купи имот и да си ги отплати долговите, а останатите ги инвестира во бизнис. Три месеци по оваа добивка тој повторно заработил 1 милион долари. Вели дека овој пат ќе си угоди и ќе си купи мотор, а што ќе прави со остатокот се уште не знае.

Кенет Стоукс

 

Стоукс е од Норууд, Масачусетс. Тој заработува два пати за еден ден, што веќе е навистина неверојатно! До крајот на својот живот тој ќе добива две транши од по 25 000 долари годишно. Односно тој има загарантирани 50 000 долари годишно – не е доволно за да живее како крал, но е доволно за да не му се наметнува да работи повеќе.

Ернест Пулен

 

Во јуни 2010 година Пулен, кој е од Бон Тер, Мисури, заработува 1 млн. долари. Тој бил пензионирано воено лице, кој работел како рецепционер во телекомуникациска компанија. По освојувањето на наградата, тој престанува да работи. Во септември 2011 година Ернест заработил 2 милиони долари на лотарија. Тој е единствениот човек со две толку големи добивки во историјата на лотаријата на Мисури.

Мери Рид

 

Мери често купува ливчиња на бензинска пумпа. Еден ден таа освоила 50 000 долари. Две години порано таа освоила 8 000 долари во ТВ шоу. Мери продолжила да ја посетува истата бензинска пумпа и не поминало многу време кога таа освоила повторно – овој пат 100 000 долари.

Вирџинија Фајк

Вирџинија Фајк е од Вирџинија. И тоа не е единственото што е интересно во нејзиниот живот. Таа освои 1 милион долари на лотарија два пати … во ист ден. Интересно е дека таа го пропуштила влечењето на броеви, но разбрала дека двајца луѓе заработиле 1 милион долари. Кога отишла да го провери билетот, вработената во продавницата и рекла дека и двете добивки се за неа.

Реиси Санг Пел

Тој често си купувал лото ливчиња за 20 долари. Тој секогаш играл со исти броеви – родендени, неколку свои среќни бројки. На 18 декември Реиси заработил од лотарија два пати – првиот пат 32 000 долари, а вториот пат – 50 милиони долари! Интересен факт е дека тој не побрзал веднаш да си го зеде билетот за 50 милиони., туку почекал да му дојде денот.

Џејмс Бозман Џуниор

Тој е од Флорида. Заработува 10 милиони долари и потоа 3 милиони долари во период од две години. Откако заработил првиот пат, си ги сменил броевите со кои играл секогаш затоа што не мислел дека пак ќе се паднат. Се покажало дека сепак и неговиот втор комплет броеви е профитабилен!

 Стивен и Тери Вијвер

Двојката од Арканзас не само што освоила два пати, туку и купила два билети во еден ист ден, од истата продавница. Првиот профитабилен билет бил за 1 милион. долари, а вториот за скромните – 50 000 долари.

Бил Морган

Неговата добивка не е толку голема, но е доста необична. Бил е возач на камион од Лембарн, Австралија. По сообраќајка срцето му застанало и лекарите на местото на несреќата го прогласиле за мртов. Цели 14 минути тој бил официјално мртов, но одеднаш почнал да дише. Бил во кома 12 дена и неговото семејство веќе размислувало дали да ги исклучи апаратите, но одеднаш тој се разбудил. Една година подоцна заработил 17 000 долари на лотарија. Бидејќи веќе два пати докажал дека има одлична среќа, локална телевизија сними и репортажа за него. Во репортажата Бил требало да биде фотографиран како купува грепка од продавница. Со истата заработил 170 000 долари!

 

- Реклама -