И кога во кујната „немате ништо“ веројатно имате леб, сол и млеко.
А тоа е речиси доволно за да се направи вкусна попара. 🙂
Состојки:
1/2 бел, стар леб
300 г. тврдо сирење
1/2 л. млеко
2 лажици маслиново масло или маргарин
– сол
Подготовка:
Во длабок сад на дно сипувате малку вода, само да го покрие дното, додавате млеко, леб исечен на мали парчиња и сирење.
Сето тоа добро го соединувате и го ставате на рингла на оган со средна силина, да не загори, и го готвите мешајки постојано.
Кога лебот ќе омекне и сите состојки добро ќе се соединат, додадете 2 лажици маслиново масло или маргарин, добро промешајте и тргнете од оган,
Пробајте, па ако е потребно додадете малку сол.
Сервирајте ја топла.