Светскиот ден на анимацијата (28 октомври) се забележува од 2002 година, во чест на првата јавна проекција на Емил Рeјно на т.н. „Светлосна пантомима” во 1892 година.
Емил Рејно е француски сликар и фотограф, еден од креаторите на анимацијата. На 21 декември 1877 година тој патентира апарат за разгледување на цртежи, прикачени на хартиена лента, наречен праксиноскоп.
Во декември 1888 година го создава својот „Оптички театар”. Првата проекција на т.н светлосна пантомима е на 28 октомври 1892 година.
Пред да стигне до современата анимација човечката генијалност минува низ идеи како зоетроп и флип книга. Првата претставува уред кој создава илузија на подвижна слика, и е патентиран од јапонскиот пронаоѓач Тинг Хуан. Речиси две милениуми подоцна се појавува и првиот флип книга – збир на цртежи во кои ефектот на подвижни слики се појавува преку брзо прелистување.
Првиот анимиран филм што се приближува до познатите денес, е дело на Шарл-Емил Рeјно. Тој го искористил создадениот од него праксиноскоп за да раздвижи слики во 1892 – три години пред првата кинопроекција на браќата Лумиер.
Првиот анимиран филм, снимен на лента, се вика Humorous Phases of Funny Faces (1906) и е создаден од Американецот Џејмс Стјуарт Блектон.