„Немам проблем со мобилните технологии како целина – раскажува фотографот Бејбикејкс Ромеро – уредите помагаат во нашиот живот. Сепак тие ги прават луѓето исклучително бесчувствителни. “
Првично Ромеро почнува да снима мажи и жени во друштво на своите телефони. Според него во односот меѓу нив се крие специфична симетрија, која е привлечна во визуелниот однос.
„Лека-полека забележав една тага, испишана на нивните лица.”
„Сега тоа не е неопходно, бидејќи можеме да се преправаме “дека правиме нешто” важно и не треба да мислиме што да кажеме. Тоа го убива разговорот. Сметам дека ова е сè повеќе распространет проблем “, додава фотографот.
„Повеќето луѓе ги користат цигарите како социјална поддршка. Да, тие се штетни за нивното здравје, но барем не ги претвораат во здодевни. Заедно треба да бидеме силни и да се ослободиме од оковите на смартфоните. Да ги вратиме повторно разговорите лице в лице “, завршува Ромеро.