Во една соба виси сијалица. Надвор од собата се наоѓаат три прекинувачи. Само еден од нив е поврзан со светлото, а сите тие се во позиција – исклучени. Сијалицата е изгасена.
Задача : Можете да влезете во собата само еднаш, за да дознаете кој прекинувач успеал да ја запали (однадвор не се гледа). Во таква ситуација како можете да дознаете точно кој од трите прекинувачи е вистинскиот?
Одговорот можете да го видите под сликата.
За да го најдете точниот прекинувач (1, 2 или 3), треба да се обидете прво со 1 и да оставите неколку минути.Потоа го исклучувате и се обидувате со 2. Влегувате во собата. Ако сијалицата свети, значи знаете дека клучот е 2. Инаку може да е 1 или 3 . Допрете ја за кратко сијалицата и ќе го дознаете точниот одговор. Ако е топла, клучот е 1. Инаку – 3.