Темната страна на Дубаи

Повеќето луѓе го поврзуваат Дубаи со луксуз и има зошто. Градот е познат по луксузните хотели, највисоката зграда во светот, луксузните автомобили на улиците.

Дубаи е основан во 1833 година, кога Шеикот Мактум бин Буту Ал Мактум убедил околу 1.000 членови на своето племе да се населат во месноста. Во 1971 година населбата влегува во територијата на ОАЕ. Во тоа време тоа не било нешто повеќе од село меѓу пустината. Сè се променило кога таму пронашле нафта. Во последните 40 години Дубаи доживува неверојатна трансформација и се претвора во она што е денес.

Речиси секој ден можеби се соочувате со статии за луксузната страна на Дубаи. Зад сјајот сепак се крие и темна страна.

5. Принудна работа – стотици илјади работници живеат како робови

Како што рековме веќе, во изминатите 40 години во Дубаи беа изградени многу луксузни облакодери и инфраструктура. Оние на чии плеќи падна физичката работа, се имигранти од држави како Бангладеш и Индија. Тие дошле во Дубаи, излажани од ветувања за голема плата и луксузни сместувања. Излегува сепак, дека нема ништо слично. Работат по 14 часа на ден во топлина (додека на туристите им даваат совет да не поминуваат повеќе од 5 минути надвор), добиваат ¼ од парите кои им се ветени, често им ги земат пасошите, за да не можат да си заминат. Потребни се години, за да соберат пари за билет назад до нивната татковина. За да отидат во Дубаи, некои од нив  зеле заем, кој потоа не успеваат да го исплатат. Во камповите каде што живеат овие имигранти честопати има самоубиства.

 

4. Нема постапка за стечај – или си плаќаш долг, или правец во затвор

Статија во The Independent неодамна  ја раскажа приказната на Канаѓаните Карен и Даниел Ендрјус. Даниел добил понуда за работа во Дубаи и се преселил таму заедно со неговата сопруга. Во почетокот се било одлично имале дури послуга, велат дека ја увствувале „опиеноста” на Дубаи. За жал Даниел добил тумор во мозокот, а потоа направил неколку погрешни финансиски потези и натрупал голем долг. Кога одлучил да си замине од Дубаи, тој ја напуштил работа. Во Емиратите има закон, според кој, кога ја напушташ работата, компанијата ја известува вашата банка. Ако имаш долгови, банката ги замрзнува финансиите. Така на семејството му биле  запрени кредитните картички и сметки, тие биле протерани од нивниот стан, а Даниел завршил во затвор. Неговата сопруга нема право да работи и во моментов, живее во нивниот автомобил и чека тој да ја одлежи казната од 9 месеци.

3. Домашни помошнички – има женски хостел за бегалки

Слично на мажите од Бангладеш и Индија, кои работат како робови на објектите, жени од Етиопија и Филипините доаѓаат во Дубаи, за да станат домашни помошнички. Нивните пасоши се земат и тие стануваат  слугинки на работодавците. Во предградие на Дубаи има валкан хотел во очајна состојба, каде што бегалки кои работеле како послуга наоѓаат засолниште. Ако турист од Филипините се шета низ центар, често може да се случи да го пресретне негова сонародничка, која го моли за помош.

 

2. Во градот нема никаков природен извор на вода

Не заборавајте дека Дубаи е во пустина. Луѓето во него издигнале лажни острови, езера и дури скијачки патеки, но пустината останува пустина. Водата за пиење доаѓа од неколку станици за преработка на солена вода, што ја прави погодна за пиење, но исклучително скапа. Ова е најскапата вода во светот. Ова го прави Дубаи исклучително ранлив. Ако некогаш во ОАЕ има рецесија, или се случи Дубаи да биде нападнат, градот тешко ќе преживее. Покрај тоа, многу од плажите почнуваат да чувствуваат проблем со загадувањето, бидејќи станиците за прочистување не успеваат да се справат со растечката популација.

1. Државниот долг е колку БДП на земјата

Од ММФ проценуваат дека бруто БДП на земјата е еднаков на државниот долг – 130 милијарди долари. Имотниот балон во земјата пукна во 2009 година. Од тогаш наваму пазарот се опоравува. Во статија во The Economist неодамна беше  укажано  дека Дубаи треба да го смени моделот на раст. До сега градот се шири привлекувајќи капитал, идеи и луѓе од странство. Само 10% од вработените во Дубаи се локални граѓани! Сите останати се дојдени од други земји. Тоа значи дека повеќето жители на Дубаи се таму со намера за привремена положба, а малку луѓе ја земаат неговата изградба  за „срце”. Повеќето жители се таму за да натрупаат малку пари и да имаат корист од добар предлог за работа, а не со цел да изградат одличен град, каде што ќе одгледуваат семејство.

 

- Реклама -