Една прекрасна песна од преку 20 непознати музичари

Технологијата е во постојан прогрес, па во последните неколку години значително го промени начинот на кој живееме, креираме и твориме, па дури и кога во прашање е музиката.За некои, магијата на „вистинската“ музика е целосно изгубена, но за други пак, отвора цел нов свет полн со неисцрпна инспирација и мелодии кои непрестојно протекуваат низ нивните животи.

Таков е и вистинскиот вљубеник во музиката и „remix-волшебникот“ Kutiman, кој поминал часови и часови гледајќи и слушајќи илјадници анонимни YouTube видеа објавени од разни музичари ширум светот.

Помеѓу големиот број на квалитетни и недоволно добри артисти, тој успешно селектирал повеќе различни мелодии од разни инструменти свирени од тотално непознати лица. Откако ги пронашол бараните звуци, ги исекол, наместил и „склопил“ во едно единствено музичко соединение.

Уникатната песна која ја именувал „Give It Up“ звучи фантастично, а се надеваме дека ќе ви се допадне и вам.

- Реклама -