Бабин рецепт: Чоколаден колач готов во три потези

Со оглед на тоа што во текот на работната недела немате доволно време за да подготвите некаков десерт на најблиските, викендот е совршен период за да го надополните ова. Ние денес ви прикажуваме еден вкусен чоколаден рецепт, готов во само неколку потези, кој сигурно ќе ве потсети на рецептите кои ви ги приготвувала вашата баба.

Состојки:

– 2 цели јајца
– 2 чаши рендано јаболко или морков
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша гриз (или половина чаша гриз, плус половина чаша на пченично брашно)
– 1 чаша мелени ореви/ лешници/ бадеми
– 1 чаша млеко
– Половина чаша масло за готвење
– 1 лажица какао во прав
– 1 прашок за пециво
– 100г. вишни (не се задолжителни)
(Под чаша се подразбира онаква од 200 мл., но доколку сакате можете и да ја зголемите мерата)

Подготовка:

1. Јајцата добро измиксајте ги со шеќерот, додека да се добие пенлива смеса. Додадете го и млекото, маслото и какаото. Промешајте.

2 Потоа додадете ги и јаболките, оревите, гризот, прашокот за пециво и вишните. Промешајте нежно, додека состојките не се соединат.

3. Излијте во подготвениот калап и печете на 180°C. Со чечкалица проверувајте дали колачот е готов.

Чоколадна глазура:

– 100 г. чоколадо
– 70 г. путер

Путерот и чоколадото стопете ги на пареа. Се уште топлиот колач прелиете го со глазурата и оставете да се олади.

Уживајте!

60997459-kolac-cokolada

- Реклама -