Ајде на покрив!

Во светот постојат сè повеќе примери за искористување на покривната тераса како место за дружење и забава или претворање на покривот во градина.
Порано покривите во Шпанија биле место за собирање на заедницата, но со тек на време ја изгубиле социјалната намена.

Непрофитната организација Redetejas од Севилја се обидува да ја врати таквата намена на покривите преку културна програма. Целта на Redetejas е да создаде генерички модел на употреба на градските покриви кој би можел да се примени секаде во светот. Моделот е таков што организаторите приредуваат програма, а домаќините го отстапуваат покривот за користење.
Програмите опфаќаат најширок спектар културни содржини, од предавања за астрономија, концерти, претстави, циркуски изведби, па сè до јога. Настаните се непрофитни, а ако се наплаќаат, влезниците служат за покривање на основните трошоци на програмата. Колку и да изгледа тоа едноставно, била потребна повеќе од една година за идејата да заживее. На почетокот луѓето биле скептични дека можат да организираат такво нешто и идејата за повикување непознати луѓе на покривот не им била драга.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста
- Реклама -