Нутела колач во чаша, готов за 3 минути

Доколку сте љубител на Нутела и на брзите и едноставни рецепти, овој десерт е како создаден за вас. Неверојатниот Нутела колач нема да ви одземе повеќе од 3 минути, а неговиот вкус најверојатно ќе ве натера да си подготвите и „репете“.

Состојки:

– 3 лажици Нутела
– 1 јајце
– 2 лажици млеко
– 2 лажици растително масло
– 3 лажици брашно
– 3 лажици шеќер (доколку сакате да биде поблаго можете да додадете и повеќе, бидејќи оваа торта во принцип и не е многу слатка)
– 1 лажица какао во прав
– ¼ лажица сода бикарбона

Подготовка:

1. Во чаша ставете го јајцето, млекото, маслото и нутелата. Мешајте додека не се соединат сите состојки.

2. Додадете ги и брашното и какаото во прав низ цедилка, односно минијатурно сито, за да се спречи создавањето на грутки. Додадете шеќер и сода бикарбона и помешајте ги состојките.

3. Ставете ја чашата во микробранова печка на највисока температура во времетраење од една минута. Моќта на овие уреди не е секогаш еднаква, па проверете со лажичка дали е добро испечено. Доколку има потреба продолжете го печењето на уште една минута, но внимавајте да не се пресуши колачот, и запомнете дека е важно да ја сочува сочноста. Во никој случај не ја оставајте чашата во микробрановата печка подолго од све минути.

Совет:

Декорирајте со топка сладолед и шеќер во прав.

- Реклама -