Островот на Нин и душата на цветот

Фотографот Ѓорѓи Десподов од Прилеп честопати не воодушевува со неговиот свет и приказни на кој што им ја посветува својата креативна енергија.

Неговата најнова фотосторија го носи името “NIN’S ISLAND”, а  приказната е за една млада девојка по име Нин, која што живее сама на остров.

Нејзината мајка и татко боледувајќи  од неизлечива болест починале кога  таа имала само 10 години, но и оставиле фенер знак на светлина, и цвет како знак на љубов.

Исто така таа многу сака да оди под водата и да го гледа подводниот свет.

Според неговата приказна, водата е единственото нешто што ја прави среќна.

10631845_10204545483347196_503026730_o 10621991_10204545484867234_534630805_n 10615850_10204545482947186_418595800_n 10612002_10204545483947211_1447471773_o 10609253_10204545483787207_1355702163_n 10609198_10204545484227218_751903380_n 10585239_10204545483667204_548885298_o 10578025_10204545484067214_1675368672_n

10634367_10204545482907185_1357019761_n 10637823_10204545485227243_599524070_n

Сакате уште?

Тогаш во продолжение ви нудиме да погледнете уште еден негов едиторијал.

“The Flower SOul” е  фото сторија поразлична од сите негови едиторијали и фотосесии, во неа преовладуваат две бои тоа се белата и црвената боја, кои што претставуваат и главната инспирација за ова дело.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

„Сакав да направам нешто поразлично од другите фотосесии исто така да пробам и нешто ново да експериментирам. За уредувањето на просторијата и облеката се погрижив јас, додека за шминката и фризурата е заслужна Милена Северкоска со која соработувам вејќе одреден период. За оваа фотосторија требаше и соодветен модел со тоа што ја одбрав Стефанија Дукоска која што многу добро ја одигра улагата. Самиот наслов на оваа фотосторија појаснува дел од прикаската која се крие зад неа. На сликите е прикажана жена на која што единствена љубов и претставуваат црвените ружи кои што и значат се во животот. Нејзиниот живот претставува бела бајка во која што само црвените ружи и напивките од нив ја имаат црвената боја. Таа е опседната со ружите, и постојано прави напивки од кои се храни.” во кратки црти ни раскажа младиот фотограф Ѓорѓи Десподов.

10579391_10204442626135830_1942123942_n

10602902_10204442626175831_17432664_n 10602901_10204442626255833_232841559_n 10602842_10204442626335835_709589192_n 10596226_10204442626375836_165272479_n 10595724_10204442626215832_2066626801_n 10592591_10204442626415837_1400409282_n 10589750_10204442626295834_1849058720_n

 

- Реклама -