Интересно е тоа што на многу светски аеродроми има човек што ги забавува патниците додека го чекаат летот.
Овој музичар отиде малку подалеку од очекувањата. Тој буквално ги замолчи сите, одржувајќи солистички концерт.
Како тема ја искористи познатата „За Елиза“ на Бетовен врз која што направи фантастични варијации на тема, кои иако технички несовршени, заслужија голем аплоуз, пред се поради огромната способност за импровизација и неверојатната харизма.
Интересно е што потоа на Елиза ја надоврза легендарната музичка тема на Титаник, во сосема свој аражман.
Можеби ќе беше поинтересно изведбава на Титаник да се случуваше на некоја палуба. Како и да е, ова е одлична забава додека се очекува летот, а виеово веќе има повеќе од 7 милиони прегледи на Јутуб.