1. Пролетта е начин на кој природата ти вели: ајде да се забавуваме!
2. Не се расправај со грди луѓе, немаат што да изгубат.
3. Без разлика што велат луѓето, зборовите и идеите можат да го сменат светот.
4. Крикетот во основа е бејзбол на валиум.
5. Дадена ви е само една искра лудило. Не смеете да ја изгубите.
6. Ако жените управуваа со светот, немаше да постојат војни, туку интензивни преговори секои 28 дена.
7. Ах, да, развод… од латинскиот збор кој значи да му ги откорнеш гениталиите на мажот преку паричникот.
8. Реалноста е само патерица за луѓето што не можат да се носат со дрогата.
9. Џорџ Буш да држи предавања за етика во бизнисот е како лепрозен да ти сврши на фаца, едноставно не оди!
10. Луѓето велат дека сатирата е мртва. Не е мртва; жива е и живее во Белата куќа.
11. Го напуштив училиштето и не можев да најдам работа како актер, па почнав да одам по клубови каде можев да правам стенд-ап. Секогаш импровизирав, и стенд-апот беше големо ослободување. Одеднаш, бевме само јас и публиката.
12. Реалност: каков концепт!
13. Русите ја сакаат Брук Шилдс затоа што нејзините веѓи ги потсетуваат на Леонид Брежњев.
14. Ја имаш онаа идеја дека мора да продолжиш да работиш, инаку луѓето ќе те заборават. И тоа е она што е опасно.
15. Комедијата е глумење оптимизам.
16. Почнав да работам на комедии бидејќи тоа беше единствената сцена што можам да ја најдам. Се работеше за чистата идеја да се биде на сцена. Тоа беше единственото нешто што ме интересира, заедно со учењето на занаетот и работата, и тоа да продуцирам нешто со луѓе.
17. Во Америка навистина ги митологизираат луѓето кога ќе умрат.
18. Кога се двоумиш, направи ja шегата за курот.
19. Погледнете ги ѕидовите во Помпеја. Од таму почнал интернетот.
20. Ги сакам децата, но тие се незгодна публика.
21. Ариевци се луѓе што јадат мајонез без причина.
22. Проблемот е што Бог им дал на луѓето пенис и мозок, а крв која е доволна за да работат еден по еден.
23. Жена никогаш не може да направи нуклеарна бомба. Никогаш нема да направи оружје што убива. Ќе направи оружје што прави да се чувствуваш лошо извесно време.
24. Во глумата, неверојатно е колку нови луѓе сретнувате. На вампирот му треба свежа крв. И сè уште има многу да се научи и има супер работи таму. Дури и грешките можат да бидат чудесни.
25. Секој има две визии кога првпат го држи своето дете. Првата е кога детето е возрасно и вели „Сакам да му се заблагодарам на Нобеловиот комитет за наградата“. Втората е „Сакаш компирчиња со тоа?“
26. Најмногу сакам да му се заблагодарам на татко ми, кој е таму горе, човекот што кога реков дека сакам да бидам глумец ми рече: „прекрасно. Само, имај резервна професија како заварувач.“
27. Само во сонот човекот е секогаш слободен. Така било и така ќе биде.
28. Ќе има и лоши времиња, но тие секогаш ќе те насочат кон работи на кои не си им обрнувал внимание.
29. Некои се родени големи. Некои ја постигнуваат големината. А некои ја добиваат како подарок за дипломска.
30. Порано мислев дека најлошо нешто во животот е да завршиш сам, ама не е. Најлошо е да завршиш со луѓе што прават да се чувствуваш сам.
31. Добрите луѓе завршуваат во пеколот бидејќи не можат да си простат себеси.
32. Знаете ли што е музиката? Мал потсетник од господ дека има нешто друго освен нас во универзумот; хармонична врска меѓу сите живи суштества, секаде, дури и на ѕвездите.
33. Таа не е совршена. Ти не си совршен. Прашањето е дали сте несовршени еден за друг.
34. Верувам во судбина. Мора да има причина што сум таков каков што сум. Мора да има.
35. Кокаинот е начин на кој Господ ти кажува дека заработуваш премногу.