Rebecca Yanovskaya е илустратор кој живее и работи во Торонто, Канада. Нејзиниот генијален ум се инспирира од натприродни работи, кои ги создава и изработува преку златни детали. Во центарот на нејзините композиции е жената, претежно со крилја бидејќи митологијата е пасија на оваа илустраторка. Убавината на човечкото тело често е мотив во нејзините дела.