Ромео и Јулија од Авганистан

Ги нарекуваат Ромео и Јулија од Авганистан.

Закија е сунитска муслиманка, додека Мухамед по потекло е шиит. Нивните семејства, секако, не го одобруваат нивниот брак.

– Заедно сме четири години, но дури во последните две и пол сите дознаа за нас. Моето семејство се обиде да ме одвои од врската, раскажува Закија во интервју за Би-Би-Си.

Парот побегнал да се венчава тајно, покрај препреките за смрт кои што пристигнувале од нивните семејства.

– Нејзиниот татко тврдеше дека таа е мажена за негов роднина, но тоа не можеа да го докажат, раскажува Мухамед, кој поради забранетата љубов бил дури и уапсен. Меѓутоа, на суд бил ослободен од тужбата за киднапирање.

„ Ромео и Јулија“ сега живеат во заедница со семејството на Мухамед, во централниот дел на Авганистан. Неговиот татко на крајот ја прифатил нивната љубов.

Иако семејството на Закија и понатаму им се заканува дека ќе ги убие и двајцата, нејзиниот татко за медиумите вели дека само сака да си ја врати ќерката. Меѓутоа, Мухамед не препушта ништо на случајноста, па неговите браќа организирале ноќни чувари кои патролираат пред собата на заљубените.

Закија и Мухамед имале многу повеќе среќа од јунаците на Шекспир, но се уште не може да се говори за среќен крај.

- Реклама -