Американскиот уметник Дејвид Боуен конструира пијано што компонира мелодии во зависност од облаците што минуваат над него, пишува “Дејли мејл”.
Музиката варира според густината, брзината и формата на облачноста во регионот. Оваа информација се чита во компјутер и по анализа ја превзема робот кој што го контролира притисокот на клавишите.
Неговите механички раце знаат колку силно да ги притискаат копчињата и колку брзо да ја отсвират мелодијата.Много композитори биле инспирирани од облаците, кога ја создавале својата музика. Меѓу нив се забележуваат имињата на Дебиси и на Лист. Но сега овие атмосферски субјекти самите ги создаваат своите сонати. Инсталацијата е наречена „Облачно пијано” и користи камера за да снима детали во небото.
Ако над инструментот минуваат темни и густи облаци, роботот ги притисока посилно копчињата. Кога облаците се воздушести и музиката ќе биде во тоа расположение.
Сликите се поделени на 88 сегменти, пред да бидат поднесени на компјутерот за анализа преку специјалната програма Max / MSP.