Разликата помеѓу Кјубрик и Спилберг

Познато е дека Тери Гилијам никогаш не ги криел своите чувства околу Холивуд. „Тоа е одвратно место. Ако постоеше старозаветниот бог, сигурно ќе си ја завршеше работата и ќе го збришеше местото. Единствено е штета што неколку навистина добри ресторани исто така ќе исчезнеа“, изјави Гилијам за Њујорк Тајмс во 2005.

На Гилијам особено му пречи холивудскиот притисок врз филмаџиите да ги завршуваат филмовите со среќен крај. Во овој интересен клип, кој е дел од едно постаро интервју за Turner Classic Movies, Гилијам „мрчи“ за Холивуд споредувајќи ги филмовите на Стивен Спилберг – можеби квинтесенцијалниот холивудски режисер – со оние на Стенли Кјубрик.

Според Гилијам, Кјубрик одбива да ја задоволи желбата на гледачот за некаква емотивна сатисфакција и давање одговор. „Големите режисери те тераат да размислуваш за филмот кога ќе се вратиш дома“, Вели Гилијам. Подолу може да го погледнете видеото во кое тој ги споредува двајцата режисери.

- Реклама -