Режисерот Квентин Тарантино влезе на голема врата во светската кинематографија со прилично насилни филмови, кои за голем дел од публиката се прифатливи, а за некои гледачи не баш. Има и такви кои се прашуваат колку точно луѓе загинале во неговите филмови.
Одговорот на ова прашање го дава екипата на Vanity Fair, која изработи табела на сите луѓе убиени во неговите филмови, вклучувајќи го и начинот на кој се убиени ликовите.
Анализирани се сите осум филмови кои Тарантино ги потпишува како режисер: Reservoir Dogs, Pulp Fiction, Jackie Brown, Kill Bill: Vol. 1, Kill Bill: Vol. 2, Death Proof, Inglourious Basterds и Django Unchained.
Дури и површните познавачи на неговиот опус нема да се зачудат кога ќе чујат дека најмногу ликови умреле во филмот Inglorious Basterds, 396, а најмалку во Jackie Brown (само четири!), додека вкупно во филмовите на Тарантино се убиени 560 луѓе.
Еве како изгледа комплетната листа на убиени ликови во неговите филмови:
Reservoir Dogs: 11 мртви, сите од огнено оружје
Pulp Fiction: 7 мртви, сите од огнено оружје
Jackie Brown: 4 мртви, сите од огнено оружје
Kill Bill vol. 1: 62 мртви, повеќето од самурајски меч
Kill Bill vol. 2: 13 мртви, повеќето од огнено оружје
Death Proof: 6 мртви, повеќето во судири со автомобили
Inglorious Basterds: 396 мртви, повеќето од пожар, а останатите од огнено оружје и динамит
Django Unchained: 64 мртви, повеќето од динамит, останатите од огнено оружје, еден од куче и еден во борба