Како звучи музичкото дело скриено во сликата на Хиеронимус Бош

Блогерката која се потпишува  како Амелија, ја транскрибираше, сними и ја сподели музичката партитура забележана на една од најпознатите слики на Хиеронимус Бош, „Градина на земските задоволства“, насликана помеѓу 1490 и 1510 година.

Амелија ја дешифрирала партитурата на задникот на претставениот грешник, кој е сместен во делот на сликата во кој се опишуваат различните методи на измачување во пеколот. Грешникот на чијшто задник е запишана нотната партитура од композицијата е претставен лежејќи на стомакот, а зад него некаков демон го испружува јазикот кон записот на неговиот задник. До него, претставени се и други казненици кои се врзани или распнати на музички инструменти.
Иако не се знае точно зошто Бош решил да ја вметне токму оваа мелодија во својата слика – поради оскудните биографски податоци кои ги знаеме денес за авторот – веројатно решил да вклучи музика во претставувањето на пеколот затоа што се сметала за грешно задоволство.

 

- Реклама -