Во светот на гаџетите кои можат да се носат, големо внимание предизвика маицата-компјутер, која е најнова креација на Марк Крегер. На неговото видео на Јутјуб тој ја претставува маицата на која можете да играте тетрис – не, не дава одговор на многу практичното прашање: како маицата семоже да се пере?!
Крегер вели дека овој компјутер што може да се носи е составен од плоча Arduino Uno со микроконтролери, четири AA батерии (LR06) на полнење и 128 ЛЕД лампи. Како што можете да видите на видеото подолу, на маицата има и неколку типки со кои управувате со блоковите што паѓаат.
Интересно е тоа што иноваторот вели дека отсекогаш сакал да има маица на која ќе може да игра видео игри. Бидејќи никој не се досетил да направи такво нешто – си ја направил сам – и тоа во годината кога се одбележа 30-годишнината од креацијата на Алексеј Пажитнов, видео играта тетрис.
Освен што овозможува да се придвижуваат, ротираат и преместуваат блоковите коцки, маицата го забележува резултатот и го прикажува бројот на различните нивоа. Изгледа дека единственото нешто што недостасува е препознатливата музика која оди во позадина на оваа заразна и мегапопуларна игра.