Видео рецепт: Фритата а ла Фичо

Фритата или еден вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус.s

Подготовка

Чекор 1: Јајцата изматете ги и додајте им го јогуртот. Пиперките исечкајте ги на коцкички, сланината и младото кромидче исто така исечкајте ги.

Чекор 2: Земете Тава за пржење, ставете ја на рингла да се загрее и додадете малку маслиново масло. Додадете ги пиперките малку да се запржат, потоа додадете ја и пропржете ја и сланината. Посолете, наросете црн бибер и убаво измешајте да се пропржи.

Чекор 3: Од како добро ќе се пропржат состојките префрлете ги во Ростер тавата. Додадете ги изматените јајца, повторно посолете. Издробете 200 грама козјо сирење и додадете го одозгора.

Чекор 4: Фритатата ставете ја во загреана рерна на 200 степени на најгорната решетка да се потпече, околу 15 минути. Потоа сервирајте.

СОВЕТ: Во Фритата може да ставите различен зеленчук и состојки по желба, но пробајте ја и оваа по рецептот на Фичо. Нам многу ни се допадна.

- Реклама -