Кога постарите тинејџери обично имаат проблеми и болки околу нивните катници и треба да им бидат извадени, тоа е затоа што умниците (осмиците) ги набива и притиска другите заби.
Ашик Гаваи, 17 годишно момче од Индија, докажа дека е многу уникатен случај кога оралните хирурзи извадиле неверојатни 232 заба од неговата уста.
Околу 18 месеци пред неговата операција, тој почнал да се жали на болка и оток во неговата долна десна вилица. Кога докторите во неговото село не биле во можност да ја најдат причината за проблемот, тој бил упатен во Ј.Ј. болницата во Мумбаи. Сунанда Дивер со редовни тестови не можела веднаш да ја препознае причината за чудниот раст, па одлучила да го однесе на операција. Кога ги пресекла непцата, тие забележале десетици мали заби од различни големини.
Дивер го дијагностицирала Гаваи со комплексни композитни одонтома, односно абнормален раст на глеѓ и забни коски, што резултира со преголем број на структури слични на заби. Состојбата е ретка и забите во суштина се бенигни тумори.
Во текот на седум-часовна операција, Дивер со уште еден хирург и двајца асистенти извадиле 232 заба. Поради состојбата не можеле да ги користат традиционалните методи, па биле принудени да ги скршат употребувајќи чекан и длето, метод кој сега многу ретко се користи. Стоматолозите, исто така, го отстраниле и катникот кој бил заболен од состојбата, но бил остранет со традиционален метод.
По операцијата, Гаваи останал со 28 заби; нормален број на заби за возрасен човек.
Дивер изјавила дека состојбата на Гаваи била најнеобичната со која била соочена во нејзината 30-годишна кариера, и дека таа е „воодушевена што добила таков возбудлив скучај.“