„Fight club 2“ пристигнува во 2015 година

Пред точно една година, 22 јули 2013, писателот Чак Палахњук објави дека работи на нов графички роман, продолжение на култниот „Fight Club“ (Боречки клуб). Сега, издавачката куќа Dark Horse Comics ја претстави и првата илустрација со ветување дека наредната година ќе бидат објавени 10 стрипови.

1405968157000-FCLUB2-PRINT-AD-ART-FNL

Можеби првото правило на „Боречкиот клуб“ беше никогаш да не зборуваме за него, сепак, очекувано е во текот на следната година ова дело да биде во фокусот на вниманието на бројни вести и разговори.

Дејството ќе биде сместено една деценија по завршувањето на првиот дел, кога нараторот сфаќа дека тој и неговиот насилен манипулативен партнер Тајлер се една иста личност, стои во соопштението на издавачот.

Прочитајте и:  Меѓународната стрип-колонија „Рашка 2023″

Тајлер и Марла сега се во очекувано крајно дисфункционален брак и имаат деветгодишен син Џуниор. Тајлер кон неговиот син не се однесува баш како примерен родител. Меѓутоа, ангажирањето за „Проектот Мејхем“ ќе го одведе во неприлики и неговиот син ќе биде киднапиран…

Сé уште нема официјална информација за тоа дали серијалот стрипови „Fight club 2“ ќе добие и филмска верзија, како што беше случај со првиот дел. Култниот филм во 1999 годиина го режираше Дејвид Финчер, а во ова легендарно остварување глумеа Едвард Нортон, Бред Пит и Хелен Бонам Картер.

- Реклама -