13 инспиративни библиотеки ширум светот

Ако мислите дека сите библиотеки се исти, размислете повторно. Ширум светот има такви библиотеки од кои што може да им „падне вилицата“ на сите љубители на книгите.

Тие се создадени така што гледајќи ги помислувате дека  се достојни да издржат децении, па дури и векови на знаење, приказни за  раскажување  и креативност.

Некои од овие библиотеки се чудесни историски и древни, додека други  модерни и создадени со многу вкус. Овие библиотеки кај сите ќе  создадат чувство на стравопочит и чудо што се подеднакво опфатени во страниците скриени под мистичните корици.

Liepzig Универзитетска библиотека, Германија

Била изградена уште во далечната 1542 година. Сепак, во Втората светска војна оваа библиотека била речиси уништена, но реставрирана и подобрена во 2002 година.

13 Inspirational Libraries Around The World 0 - https://www.facebook.com/diplyofficial

Државната библиотека на Нов Јужен Велс, Австралија

Ова е всушност најстарата библиотека во цела Австралија, изградена во 1910 година. Оригиналните изданија  на Џејмс Кук, британскиот истражувач, се чуваат во оваа крило. Целата библиотека има повеќе од 5.000.000 полици, на кои  лежат 2.000.000 книги и повеќе од 1 милион фотографии.

 State Library of New South Wales - https://www.facebook.com/diplyofficial

George Peabody, библиотека, САД

Таа била отворена во   1878 година и има свои карактеристики кои наликуваат на  кралска и елегантна свадбена торта.

13 Inspirational Libraries Around The World 4 - https://www.facebook.com/diplyofficial

Хаеинса храм, Јужна Кореја

Овој храм е Светско наследство на УНЕСКО, бидејќи тој чува дузина   будистички текстови, одсноно  6568 тома на текст. Библиотеката била изградена за да се заштити  ова наследство.

Haeinsa Temple, South Korea - https://www.facebook.com/diplyofficial

Јавната библиотека на Њујорк, САД 

Ова прекрасно архитектонско  дело е изградено во 1911 година и сега има 15 милиони книги  кои се движат од средновековни ракописи до легендарни дела .

New York Public Library - https://www.facebook.com/diplyofficial

Sainte-Genevieve, Франција

Henri Labrouste го дизајнирал ова фасцинантно парче од архитектура во 1843 година.

Прочитајте и:  Скопските читални, некогаш и денес

Sainte-Geneviève Library - https://www.facebook.com/diplyofficial

Малатеста библиотека, Италија

Оваа библиотека е толку античка што била  подигната пред откривањето на печатарството. Таа е најстарата  јавна библиотека во земјата, која што  датира од 15 век. Во рамките на овие ѕидови се зачувани 341 рачно печатени кодекси  оригинално заклучени со железо. Во оваа библиотека е  вклучена и  личната  библиотека на папата Пиус VII.

13 Inspirational Libraries Around The World 12 - https://www.facebook.com/diplyofficial

Кордрингтон, Англија

Таа  е дом на 185.000 тома, а  една третина од тие  текстови биле  испечатени пред 1800-тата година.

13 Inspirational Libraries Around The World 14 - https://www.facebook.com/diplyofficial

Библиотека во Националниот дворец, Португалија

Кралот Жоао V ја наредил изградбата на ова ремек дело во 18 век. Во рамките на овие ѕидови се наоѓаат 35.000  врзани книги од 14-ти до 19 век. Она што ја  прави оваа библиотека дури и повеќе од уникатна е тоа што им е дозволено на  лилјаците  да живеат во оваа област.Имено тие ја чуваат литературата, штитејќи ја од разните инсекти.

13 Inspirational Libraries Around The World 16 - https://www.facebook.com/diplyofficial

Тринти Колеџ, Ирска

Библиотеката на овој колеџ има  илјадници прекрасни и ретки книги вклучувајќи ја  и “Book of Kells”.

13 Inspirational Libraries Around The World 18 - https://www.facebook.com/diplyofficial

 

Страхов, Прага

Оваа прекрасна архитектура е создадена во 1679 година . Во Страхов библиотеката живеат  18, 000 теолошки книги. Таа е препознатлива и по  фасцинантните фрески на  таванот  кои што  биле насликани од Siard Nosecký во 18-иот век.

13 Inspirational Libraries Around The World 20 - https://www.facebook.com/diplyofficial

Abbey library, Швајцарија

Оваа  библиотекае една од најважните монашки библиотеки на планетата. Некои ракописи во рамките на своите полици за книги датираат од осмиот  век. Оваа библиотека е во наследство на УНЕСКО.

13 Inspirational Libraries Around The World 22 - https://www.facebook.com/diplyofficial

Јоанина библиотека, Португалија

Оваа библиотека е  исто така е под будното око на лилјаци. Таа чува  250.000 тома книги од лекови и географија, до историски теми, па  дури и граѓанско и канонско право.

13 Inspirational Libraries Around The World 24 - https://www.facebook.com/diplyofficial

- Реклама -