Брз домашен пијалок со ефект на клима уред

Наместо разладување под климата кое понекогаш знае негативно да влијае на здравјето, телото ќе ви биде навистина благодарно доколку за време на тешките топли денови се напиете некоја течност која драстично ќе ја намали вашата телесна температура.

Вода со краставица и ментол

Најголемиот борец против високите температури е краставицата, зеленчукот кој освен што вешто го разладува телото, прави и одлична детоксикација. Освен одличниот вкус кој го даваат, листовите ментол ќе ја ароматизираат обичната вода и ќе испуштат својства на ладење кои ќе создадат совршено освежување за вашето тело.

Состојки:

– 1 л. ладна вода
– 1 свежа краставица
– неколку листови нане

Подготовка:

Краставицата исечкајте ја на ситни парчиња, а доколку е набрана од вашата домашна бавча, тогаш нема потреба да ја лупите кората. Додадете ја во водата, заедно со листовите ментол. Оладете во фрижидер, и уживајте во дневната доза свежина.

Совет:

Во замрзнувачот може да замрзнете вода во која ќе додадете неколку листови нане. Замрзнатите коцки додадете ги во течноста, со што ќе добиете двојно поголем ефект.

 

- Реклама -