Португалскиот уметник Артур Бордало, или познат и како Бордало II, е голем љубител на возови. Всушност, тој толку многу ги сака овие возила, што неговата последна серија на уметнички дела е целосно поврзана со нив, односно со шините на кои тие се движат. Овие креативни и игриви дела, им даваат ведар дух на железничките станици, но и на патниците кои имаат прилика да ги погледнат во живо.