Прекрасна фотографија, нели? Грешите! Ова е само едно од многуте насликани дела на уметницата Зариа Форман.
Доколку не забележавте веднаш, овие реалистични слики не се само обични дела, богати со детали, сенки и игри на нијансите, тие се направени со помош на пастелни бои, едноставно нанесени само со прсти.
Текстурата е до тој степен реалистична, што секој момент очекувате дека пред вас ќе започнат пејзажите да се брануваат. Низ нејзината работа, Зариа се обидува да го привлече вниманието на проблемот со глобалното затоплување, промената на климата, и топењето на замрзнатите брегови.
Доколку не започнеме да ги менуваме животните навики, и продолжиме со негрижата за нашата планета, можно е, за само неколку години, овие замрзнати карпи да останат само како спомен насликан на платната на Зариа.