Сите филмови за апокалипса ги содржат овие сцени

Сигурно ви паднало на памет дека во сите хорор филмови, задолжително луѓето сами се шетаат во темнина, како да не постојат сијалици? Слично во филмовите со апокалипса преживеаните речиси секогаш стануваат психопати.

Холивуд изгледа упорно се обидува да нè убеди дека во даден момент, човештвото ќе се соочи со апокалипсата. Со текот на годините, филмовите ни дадоа целосен визуелен прирачник за преживување, покривајќи го секое можно сценарио, од веродостојни (светот е поробен од роботи) до луди (светот е отруен од гневни дрвја, бидејќи поради некоја причина M. Night Shyamalan  продолжува да прави филмови) .

Да ги погледнеме највообичаените сцени.

Сите преживеани стануваат лоши

Според Холивуд, повеќето преживеани од апокалипсата се психопати кои се поопасни дури и од зомби.

Целата идеја на цивилизацијата која зомбињата сакаат да ја уништат е   дека на луѓето им е вродено да се собраат во групи.

5 работи што филмовите за апокалипсата секогаш бркат

Но дури ако некоја светска криза успее да не претвори во  мутанти егоисти, сепак е поверојатно да сакате да ја споделите конзервата со грав, ако подоцна добиете  нешто во замена.

Тоа е она што недостасува во сериите како „Живи мртвите”.

Самата апокалипса е најголемиот  проблем

Во секој апокалиптичен филм, работите се сведуваат на следново: Скоро сите се убиени од нешто, по што преживеаните мораат да се борат со нешто друго или со другите преживеани, кои се групираат во заедници. Ова се однесува како за зомбињата, така и за роботите или страшното невреме. Обично веројатноста да ве нападне зомби е идентична со нападот од психопат.

5 работи што филмовите за апокалипсата секогаш бркат

За време на војните, често помалку од половина смртни случаи се директно поврзани со воените дејствија. Останатите се предизвикани од болести. Денес, милиони луѓе имаат потреба од лекови , од кои што зависи нивниот живот. Ако тие немаат пристап до нив, најмалиот проблем ќе им бидат зомбињата.

Бензинот не се расипува, никогаш!

Една од најкул работите во постапокалипсисата според Холивуд е дека може да се вози низ земјата со доброо возило и тешки митралези одзади, како оние од филмовите со Терминатор.

Во многу такви филмови, да поседуваш кул автомобил е поважно од храната или облеката. Дури и во “Воден свет”, каде Земјата беше под вода полна со риби, диносауруси и ужасната глума на Кевин Костнер, сите беа зависни од бензинот.

5 работи што филмовите за апокалипсата секогаш бркат

Всушност, да откриете бензин десетина години по апокалипсата би било како да најдете тегла со старо млеко. И двете се расипуваат со времето, со тоа што од млекото барем можете да си направите сирење или нешто такво.

Бензинот се расипува брзо и се оксидира, што значи дека секој автомобил, брод или авион по апокалипсата ќе рѓоса.

Општеството ве натерало да заборавите како да се храните

Знаете дека после апокалипсата ќе можете да се потпрете на спакуваната храна оставена од луѓето. Знаете исто така дека таа некогаш ќе заврши и ќе треба да научите како да ловите верверички и мачки.

Секако, свесни сте дека во филмовите сите изгледаат толку здрави, бидејќи никој нема да ги остави актерите да гладуваат, но сепак сметате дека  би можеле да одгледуваат храна, барем кога се работи за филм кој што ја дозволува таа можност.

5 работи што филмовите за апокалипсата секогаш бркат

Во реалноста, сепак, има една болест наречена скорбут. Од неа се разболуваат често морнарите, бидејќи не добивале доволно витамин Ц.   Тоа значи дека само пукањето по животни со лак нема да ве остави живи, со оглед на тоа што  вашето тело има потреба од јаглехидрати, протеини, масти, витамини и минерали, а барем едно од овие нешта не доаѓа само од животните.

1. Што би можело да тргне наопаку?

Во апокалиптичните филмовите сите секогаш се плашат од зомби, бандити, странци, роботи, вулкани или комбинација од наведените. Речиси никогаш не гледаме загриженост  дека нешто би можело да експлодира. Сепак светот веќе е завршен, нели? Што уште би можело да тргне наопаку?

5 работи што филмовите за апокалипсата секогаш бркат

Да почнеме со атомските централи.

Според телевизија History Channel, ќе имате околу 10 дена живот по крајот на цивилизацијата, додека радиоактивните прачки во секоја АЕЦ ја испарат водата која што ги лади,  и не почнат да прскаат огромни облаци од радиоактивна смрт.

Но ова е само почеток. Гасоводите исто така ќе избувнат, а такви има во многу градови низ светот. Цевките и резервоарите ќе `рѓосаат, откако нема кој да ги одржува.

Њујорк 

Нема потреба од многу објаснување. Ако се случи апокалипса, секогаш го гледаме падот на Њујорк.

Пишете во коментар ако имате да споделите уште некој интересен момент.

- Реклама -