Хасан Кале, неверојатно талентиран уметник од Турција, на необичен начин ја претстави својата креативна страна.
Тој наслика минијатурни, но многу убави слики на … секакви нешта.
Дел од нив се лушпи од кикирики, лешници, лушпи од банани, грав.
Замислете уметност врз се што се мало.
„Сликам и на неоргански предмети, но цртежи врз храна се импресивни поради својата природа“, вели тој.
Повеќето од овие цртежи се толку ситни, што не можат да бидат јасно видени со голо око.
Ова го покренува прашањето – како ги прави?
На својата Facebook страница, тој си поставил за цел да го наслика Истанбул врз прамен од коса.
Ако некој може да направи такво нешто, тогаш тоа е тој.