Самолепливата лента е веројатно еден од најнепривлечните модни материјали на пазарот, но обидете се да им го докажете тоа на оваа креативна двојка. Рајан Денко и Гебриел Фарина, двајцата средношколци од Мичиген, потрошиле 59 часа и вкупно 12 самолепливи ленти во повеќе бои, со цел да ги креираат нивните прекрасни матурски костуми инспирирани од 1920-те години.
Во моментов тие двајца се финалисти на „Stuck In Prom“, натпреварот кој ги предизвика студентите да ја разбудат својата имагинација креирајќи матурска облека исклучиво од самолеплива лента. Првата награда изнесува 10.000 долари школарина и 5.000$ за нивното училиште, но има и помали вредносни награди за второто и третото место.