Кога некој ќе спомене историска архитектура, ние си замислуваме убави арки, високи кули, скулптури и камени ѕидови.Малкумина помислуваат на светли и живи бои.
Џамијата Насир Ал-Молк, како што ќе видите од сликите е исклучок од правилото дека историските згради се сиви и мрачни. Таа се одликува со шарен сет од убаво нацртани геометриски плочки.
Изградбата на џамијата започнала во 1876 година во Шираз, Иран по наредба на Мирза Хасан Али Насир ал Молк, господар на династијата Каџар. Дванаесет години подоцна проектот бил завршен. Стотиците обоени стакла ја доловуваат утринската светлина и создаваат прекрасна игра на светлината на подот на џамијата, освојувајќи го на тој начин прекарот „Розовата џамија”.
Некои од плочките се насликани во розова боја и тоа создава илузија дека во џамијата може да се видат сите бои на виножитото.
Џамијата има многу елементи од традиционалната исламска архитектура како и специфични арки и голема фонтана за миење, но витражите се релативно ретки. Само неколку други џамии, како Масџид ал-Акса и Сината џамија во Истанбул, се карактеризираат со овој тип на прозорци.