(Не) се активирал вулканот Дувало

Ударна вест е дека по земјотресите и поплавите, се активирал вулканот Дувало во селото Косел во Охрид, откако од него започнал да излегува чад.
Поради исфрлањето на чад пожарникарската единица од градот веднаш пристигнала на местото:

„Нашиот тим е на терен, но превентивно, бидејќи нема потреба за интервенција. Вулканот реагира на промените на времето”, изјавил   дежурниот од противпожарната служба, пренесуваат медиумите.

Тие додаваат дека не се за прв пат повикани, бидејќи оваа појава се случувала и порано.

Експертите објаснуваат дека нема простор за паника и се работи за природна појава,  како резултат од големите поплавите и земјотресите кои последниов месец се случуваат во регионот.

Од друга страна од редакцијата на  ОхридСкај велат дека ја контактирале охридската против пожара бригада, од каде потврдиле, дека денеска во попладневните часови било испратено едно возило со обична вода, кое што  интервенирало на запален отпаден материјал кој бил фрлан кај дувлотово Косел.

Од Центарот за управување со кризи, велат  нема никаква потреба од ексклузивност и паника поврзана со оваа информација, бидејќи Дувало не може да го загрози градот.

- Реклама -