Идеалната температура за подготовка на кафето е меѓу 95 и 98C, непосредно пред водата да започне да врие. На пониска температура кафето има послаб вкус, додека на пожешка станува кисело.
Состојки:
300 г. пишкоти
4 жолчки
500 мл.обезмастено млеко
120 г. шеќер
200 мл. јако црно кафе
1 лажица желатин
150 мл. билна павлака
300 г. вишни.
Подготовка:
Изматете ја пенасто жолчката со шеќер, сипете во загреано млеко и сварете додека се згусне. Желатинот изматете го во кафето и оставете да отстои. Изматете ја павлаката, постепено додадете од желатинот и на крај соединете ја смесата со кремот од жолчките. Пишкотите наредете ги во калап, сипете фил, наредете ги вишните и добро оладете. Украсете по желба.
Поради високата содржина на масти, не се препорачува овој рецепт за луѓе кои што имаат проблеми со маснотии и шеќер во крвта.