Домашен пијалок кој ќе ви помогне во борбата со килограмите

Со помош на блендер и само три состојки, направете си вкусен, здрав и освежувачки пијалок кој на вашето тело ќе му ги даде сите потребни хранливи состојки, и ќе ви пружи доволно енергија за остатокот од денот.

Тајната е во совршената комбинација на јагодата, бананата и портокалот, а рецептот за подготвување на пијалокот е следниот:

Состојки:

– 1 шолја исцеден сок од портокал
– 8 до 10 јагоди со средна големина
– 1 банана
– неколку коцки лед

dicho

Подготовка:

1. Измијте и излупете го овошјето, а бананата исечете ја на повеќе парчиња,
2. Состојките ставете ги во блендер и додадете лед,
3. Откако се добро ќе се измеша и соедини, веднаш послужете.

Совет: Пијалокот пијте го за појадок или меѓу оброците.

Уживајте!

- Реклама -