Живееме во инстант свет во кој се што ќе ни се допадне сакаме веднаш да го имаме. Доколку тоа е невозможно, повеќето, веднаш се откажуваат. Но, ваквиот пристап е невозможен кога е градинарството во прашање.
Во оваа област, мора да се потрошат часови, денови, па дури и години, за да се израснат неверојатни нешта. На некој начин, градинарството е вистинска лекција за трпеливост.
75-годишниот Џон Букер од Англија, со години се занимава со градинарство, а во последните 10 години, најмногу е посветен на одржувањето на живата ограда, чија креативност ја посветил на неговата жена.
Букер секојдневно троши и по неколку часа за да го одржи во форма „долгиот зелен змеј“. Резултатот е навистина неверојатен.