Ракописот од симфонијата № 2, опус 27 на рускиот композитор Сергеј Рахмањинов, беше продаден на аукција за 1,2 милиони фунти. Партитурите од 320 страници се сметаа за изгубени по премиерата на оваа симфонија во Санкт Петербург во 1908 година, додека не беа пронајдени во приватна колекција во 2004 година.
Sotheby’s соопшти дека ракописот бил купен од приватен колекционер. Тој е создаден во Дрезден, каде што композиторот живеел од 1906 до 1909 година и бил наменет за концерти на неговиот братучед. По првите настапи во Санкт Петербург и Москва оркестрацијата била променета, па ракописот останува последното сведоштво за оригиналната визија на Рахманинов.
Целосната партитури за оркестар се разликува многу од подоцнежните партитури. Врз неа се испишани белешки со мноштво корекции и прибелешки. Ракописот требаше да биде продаден на аукција од Sotheby’s во 2004 година, но планот се смени, откако членовите на семејството на Рахманинов, рекоа дека тие се вистинските сопственици.
Во 2005 година, сепак, беше постигнат договор и оттогаш партитурите беа изложени во Британската библиотека.
Симфонијата № 2 e сметана за најдобрата на Рахманинов.