Креативна мајка ги претвора спакуваните ручеци на својот пребирлив син во уметнички дела.
Нејзиниот син го „дигал носот“ на седвичите и морковите. Па, Грејс Хол ги трансформирала во вонземјани, слонови и суперхерои. Сега тој не може да дочека да го отвори спакуваниот ручек и да се радува на омилените карактери.
Со помош на неколку секачи и калапи, поранешниот сметководител г-ѓа Хол претвора сендвичи во Спајдермен, варени јајца во овџи и дињи во кокошки… при тоа правејќи здрави ручеци.
На нејзиниот блог, покажувајќи фотографии од своите кулинарски креации, има над 7,500 мајки кои ја следат.
32-годишната од Винчестер, била инспирирана од кутиите за ручек во бенто-стил од Јапонија, традиционално правени од суши ориз, месо и риба. Проектот ја натерал да научи многу за здравата исхрана.
Иако изгледа дека е потребно многу време да се направат, Грејс вели дека никогаш не потрошила повеќе од 15 минути во нивно правење.
Погледнете и можеби и вие ќе се инспирирате: