Ѕидови со графити и приколка се дел од чудните дизајни карактеристични за Гугл, овој пат реновирана канцеларија во Амстердам.
Интензивното реновирање го направиле во гаражата каде основачите Лари Пејџ и Сергеј Брин го започнале Гулг.
Дизајнерите ставиле картонски светлински кутии на изложените тавани и вистинска приколка за да ги зачинат состаноците со удобни перници и антички мебел.
Исто така, има сала за вежбање, соба за медитација, биро на велосипед со цел да ги оддржат своите вработени во добра физичка и психичка форма. Секое работно место е во непосредна близина до прозорецот дозволувајќи им на сите вработени да имаат поглед кон градот додека работат.
„Среќа, удобност, флексибилност, релаксација, добро балансирана исхрана, вежбање, дневна светлина, свеж воздух и визуелна стимулација се некои од суштинските работи кои оваа канцеларија ја прават здрава“, изјавил Коен ван Дик.