Спектакуларно: Jaпонски пијанист во музички двобој со свој холограм

Јапонскиот пијанист Јошики Хајаши е популарен поради својот сценски шарм.Основач е на познатата група „X Japan”  и на сцената често покрај клавирот користи и ударни инструменти, а сето тоа пропратено со возбудлив лајт-шоу.

Меѓутоа, сега дефинитивно се надмина себе си.

Неговата способност да ја пронајде границата помеѓу класичната музика и металот никогаш не ги разочара фановите, па се одлучи дека единствениот ривал за „дуел“ му е тој самиот.

Направи свој идентичен видео холограм и го предизвика на двобој на концертот во Остиин (Тексас).

Не морате да бидете негов фан за да ви се допадне ваков инвентивен пристап на музиката, како и неговата огромна вештина на изведување.

- Реклама -