Едноставни, брзи, вкусни, и неверојатно здрави. Рецептот кој ви го прикажуваме во продолжение, освен што е неверојатно лесен да се направи, е и вкусен, здрав и долгорочен. Се што ви е потребно за да го направите е да ги соберете следниве три состојки во вашата кујна, и да ги додадете во блендер:
-1 чаша бадеми
-1 чаша сушено овошје
-1 чаша урми
Откако сите состојки ќе ги додадете во блендерот, матете се додека не добиете еднолична смеса. Истата, префрлете ја на фолија и исечете ја на 4 поголеми или 8 помали коцки. Замотајте ги и чувајте ги во фрижидер. Можете да ги користите во наредните неколку недели, а доколку ги ставите во замрзнувачот и до неколку месеци. Овие слатки колачиња ќе ве одржат во добра форма во текот на целиот ден.