Ако сте еден од оние љубители на цвеќиња кои постојано се обидуваат да го збогатат и разубават својот дом со цвеќиња и растенија, но некако не ви успева тоа?
Понекогаш колку и да се обидувате, вашето растение едноставно губи волја за живот. За да уживате во полн цветен дом, ви откриваме најсигурни и неуништливи растенија.
Сансевериа
Латинското име е Ѕansevieria trifasciata. Таа е екстремно лесна за оддржување. Доволно е да се полива со вода еднаш неделно. Иако и одговара светлина, ќе се прилагоди и на малку потемни места. Го подобрува квалитетот на воздухот и затоа се препорачува да се смести во спалната соба. Но, доколку имате мачка треба да бидете внимателни, бидејќи нивните лисја можат да бидат отровни за вашето домашно милениче.
Занзибарски дијамант
Латинското име е Zamioculcas zamiifolia. Буквално можете да ја чувате во плакар со месеци и нема да умре. Таа е осетлива на вишок на вода. На собна температура доволно е полевање еднаш месечно. Не сака ниту прекумерна и директна изложеност на светлина.
Еленов рог
Латинското име е Рlatycerium и припаѓа во семејството на папрати. Ова растение бара малку внимание и тоа „дури“ еднаш неделно. Еленскиот рог е епифит што значи дека расте на паразитски начин, хранејќи се од друго растение. Повеќето хранливи материии ги добиваат од воздухот и дождот, но не треба да се чува на директна изложеност на сончеви зраци. Кога ќе приметите дека листовите почнале да венеат, односно да се обесуваат, едноставно полијте ги со вода од чешма.
Божиќен кактус
Латинското име е Еpiphyllum truncatum. Само со тоа што во името го содржи зборот кактус дава надеж. Сака светлина, но не и жешкото летно сонце, а наводнувањето треба да биде ограничено. Наводнувајте го на начин што ќе ставите малку вода во садот во кој е ставена саксијата, од време на време кога земјата ќе биде сува.