Под етикетата на „Направи заедно“, македонскиот алтернативен синт/панк состав A Venus Fly Trap, денеска, го издаде деби албумот едноставно насловен „Невреме“.
Горан Стојчевски (вокал, клавијатури), Александар Савовски (гитара, вокал) и Петар Паневски (бас), се тројцата Скопјани кои водени од желбата да се случува нешто интересно, му контрираат без отстапки на градското сивило, таканаречената авангарда и медиокритетите, соочувајќи се храбро и директно со лицемерието и дволичноста на лажниот урбан дух.
Нивните опсесии и лични противречности се преточени во 9-те песни кои се најдоа на нивниот прв албум, во обид да стигнат до некоја нова индивидуална утопија.
Албумот „Невреме“ може да го слушнете/превземете од тука.